Скопје, 24.10.2019 – Денеска, со поздравно обраќање на директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски, министерката за финансии Нина Ангеловска и проректорот при Универзитет Св. Кирил и Методиј од Скопје Билјана Ангеловска, официјално беше затворена тридневната конференција ПИКАРД , организирана од Царинската управа на Република Северна Македонија, во соработка со Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, а со поддршка од Светската царинска организација и Царината на Кореа. 

На официјалното затворање на Конференцијата, директорот Танасоски истакна дека во текот на овие три дена се дискутираше за голем број на можности за унапредување и градење на капацитетите, како што се:

- Data Science и вештачка интелигенција, како и влијанието на  политиката  за царините;

- E-трговија, предности и потенцијали не само за царините, туку за сите учесници во глобалната економија;

- имплеметација и поддршка на координирано управаување со границите, како и

- посебни економски зони, протекционизмот , технологијата и управувањето со ризици на границите.

Со воведување на концептот на  СМАРТ границите, царините треба да размислат за тоа како со помош на нови технологии , Царината може да работи „паметно“ за да се постигне поврзан глобален синџир на вредности кој го поддржува економскиот раст на инклузивен начин. Концептот за SMART граници е насочен кон поттикнување на владите преку нови достигнувања во областа на технологијата со цел да се најдат решенија за да се олесни протокот на луѓе, стоки и транспортери, притоа следејќи ги водечките принципи на СМАРТ границите - безбедност, мерливост, автоматизација, управување со ризик базиран и управуван од технологија, посочи Танасоски.

Новите технологии отвораат поголеми можности за економски раст, инклузија и натамошно инвестирање. Јас се приклучувам кон оние кои веруваат дека ефикасната употреба на податоците во услови на дигитализација е клучна за носење политики кои можат да ги подобруваат животите на сите, на правичен и мерлив начин. Да, највредниот ресурс во светот не е повеќе нафтата, туку податоците, меѓутоа ако се нерафинирани, не може да се искористат. За да создадат вредност, мора да се разложат и анализираат. Напредокот во науката за податоци ни дава можност да ги откриеме скриените обрасци, врски и причинско-последични односи зад одредено деловното однесување.  За да се постигне тоа, неопходно е постојано надоградување на царинските системи за да се подобри и рационализира царинското управување, почнувајќи од документацијата, преку мониторирањето, анализата и следењето на движењето на стоките - рече министерката Ангеловска.

Про-ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - г-ѓа Билјана Ангеловска се заблагодари за поддршката која Светска царинска организација ја дава на царината и на универзитот. Централната улога при развојот на СМАРТ границите ја имаат царините, но истакна дека за успешна имплементација неопходен е импут на научните истражувања и трудови од страна на академските институции. Овие институции ќе продолжат да ја поддржуваат царината и бизнис секторот со цел олеснување на трговијата. 

ПИКАРД конференцијата  (партнерство во царински истражување и развој), во изминатите три дена на едно место ги обедини царинските администрации и универзитети од целиот свет. Тема на годинешната 14-та конференција  беше „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“. На Конференцијата присуствуваа  повеќе од  150 претставници од  околу 50 земји од светот, претставници на царински управи, Светската банка, Европската комисија, академската заедница, како и тинк-тенкови и претставници на приватниот сектор. 

15-та ПИКАРД конференција ќе се одржи во Јамајка во 2020 година. Директорот на Царинската управа г.Танасоски и го предаде водството на директорката на Царинската управа на Јамајка, г-ѓа Вилма Рикетс Валкер.

 

IMG_4720
IMG_4720
IMG_4759
IMG_4759
IMG_4810
IMG_4810
IMG_4849
IMG_4849
IMG_4909
IMG_4909
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5