Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија мигранти и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани девизи, автоделови, облека, кујнски ножеви и фалсификати.

Привремено се задржани:

Девизи

- 4.000 евра и 6.000 швајцарски франци, откриени во два одвоени случаи, при личен претрес на четири патници на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, на излез од државата се пријавил германски автомобилсо кој патувале двајца германски државјани. На прашање на царинските службеници, двајцата патаници изјавиле дека со себе носат по околу 3.500 евра, но при извршениот личен претрес, во рачна ташна на сопатникот, биле пронајдени 14.000 евра за кои не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени парични средства при влез во државата. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, додека 4.000 евра биле привремено задржани. 

Во вториот случај, на влез во државата се пријавил македонски автомобил со кој патувале двајца македонски државјани. На прашање на царинските службеници, двајцата патници изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, но при извршениот личен претрес, во неколку коверти и еден паричник сместени во внатрешноста на едно ранче, биле пронајдени 18.100 швајцарски франци и 10.000 евра. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени девизи во противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 6.000 швајцарски франци биле привремено задржани.

Во двата случаи, за сторените прекршоци се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Ножеви

- 106 кујнски ножеви, со вредност од околу 470 илјади денари, откриени на Интернационалниот аеродром Скопје, при рентгенска контрола на куферот на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените ножеви се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Делови за моторни возила

- 15 парчиња делови за патнички возила и моторцикли (вилушки, стабилизатор и гумени делови за Алфа Ромео   и издувни системи за моторцикли YASUNI и POLINI), откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во картонски кутии сместени во багажникот на возилото и покриени со куфери, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 8 употребувани алуминиумски бандажи со гуми, откриени при контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во просторот за палети на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 1 тестер за турбини за возила и 1 кабел за истиот, марка Actuator Tester programmable, откриени на Интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на куферот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Лондон.  Патникот првично тврдел дека апаратот бил купен во Македонија и дека не знаел дека треба да го пријави при излез од државата, но при контрола на неговиот личен ранец била пронајдена фактура и сметка со износ од 2.700 британски фунти. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Облека

- 57 парчиња женска облека (јакни, палта, блузи и џемпери), откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле четворица македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во 7 најлонски кеси сместени во кровен багажен простор и позади средните седишта, се привремено задржани, а против возачот, кој се пријавил како сопственик, ќе биде поведена соодветна постапка.

- 54 пара тренерки, откриени при контрола на македонски автобус пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во тоалетот на автобусот, се привремено задржани, а против совозачот кој се пријавил како сопственик, е поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 60 плишани играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Кина, наменета за фирмата увозник Флорис Доо од Кочани, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Мигранти

Мобилните царински тимови, во два одвоени случи, откриле 47 илегални мигранти. 

Во првиот случај, на автопатот Велес - Скопје, за контрола бил сопрен македонски камион управуван од македонски државјанин, во чија приколка биле пронајдени 45 илегални мигранти без документи за идентификација. 

Во вториот случај, исто така на автопатот Велес – Скопје, биле забележани двајца илегални мигранти кои пешки се движеле во правец кон Велес. Мигрантите не поседувале документи за идентификација, но според нивната изјава се работело за државјани на Пакистан. 

Во двата случаи мигрантите се предадени на Министерствот за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Devizi, Bogorodica (1)
Devizi, Bogorodica (1)
Devizi, Bogorodica
Devizi, Bogorodica
Migranti, mobilna
Migranti, mobilna
Nozevi, Aerodrom SK
Nozevi, Aerodrom SK
Obleka, Bogorodica
Obleka, Bogorodica
Obleka,mobilna
Obleka,mobilna
Tester, Aerodrom SK
Tester, Aerodrom SK
Trenerki, Blace
Trenerki, Blace
Upotrebuvani gumi,Novo Selo
Upotrebuvani gumi,Novo Selo
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9