Царинската управа во соработка со GIZ и ЦЕФТА Секретаријатот вчера (02.10.2019 година) беше домаќин на регионална работилница за олеснување на трговијата и хармонизирање на документите.

Работилницата ја отвори директорот на Царинска управа г.Ѓоко Танасоски, каде што искажа огромна благодарност до Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и Меѓунариодниот центар за трговија (ИТЦ) за посветеноста во спроведување на проектот „Поддршка во олеснувањето на трговијата помеѓу членките на ЦЕФТА“, со крајна цел - зајакнување на трговијата преку зајакнување на конкурентноста на локалните бизниси кои учествуваат во регионалните синџири на вредности во рамките на повеќе сектори.

Во обраќањето на кратко беа презентирани дел од клучните активности реализирани изминатава година, а поврзани со олеснување на трговијата.

Сите овие активности имаат големо значење во олеснување на трговијата и тоа е она што ќе биде моја главна цел и што ќе го промовирам преку развој на нови царински постапки и стандарди и усвојување на најдобри практики.
Овие предизвици бараат повеќе проактивни и акционо ориентирани пристапи и поддршка во развојот на модерни Царински управи во земјите – членки на ЦЕФТА – истакна директорот Танасоски.

На работилницата се договорија нови мерки за елиминирање на непотребните документи.

  

203102019