Делегација на Царинска управа на Република Северна Македонија, предводена од директорот г.Ѓоко Танасоски на 23 и 24.09.2019 година, присуствуваше на објаснувачки состанок во Брисел за Поглавје 29 (преглед на усогласеноста на домашното царинско законодавство со законодавството на Царинската унија) како дел од подготовките за започнување на преговорите за влез во ЕУ.

На состаноци со претставници на службите за оданочување и Царинска унија на Европската комисија, раководството на Царинската управа го презентираше досегашниот постигнат напредок во усогласување на националните закони и прописи со законодавството на Европската унија поврзано со поглавјето 29-Царинска унија.

На одделни средби ќе се разгледуваше сегашната состојба на инкорпорирани прописи и одредби што произлегуваат од Царинскиот закон на Унијата, со дискусии и размена на информации за разните домени на царинското работење. Менаџерскиот тим на Царинската управа со претставниците на Европската комисија детално ги разгледуваше и националните и европските прописи и практичните оперативни делувања во доменот на контрола примена на законите, примена на концептот на Овластен економски оператор, управување со ризик, заштита на права од интелектуална сопственост и др.

Директорот на Царинската управа во своето кратко обраќање истакна дека нашата мисија за заштита на финансиските интереси и општеството, истовремено поддржувајќи го економскиот развој преку соработка, олеснување и модернизација е многу тесно поврзана со онаа на Царинската унија на ЕУ, како и тоа дека и последните извештаи од СТО сугерираат дека ефикасноста на царинските процедури во нашата земја е подобрена што зборува дека сме на добар пат кон целосно усогласување на царинското работење со тоа во земјите од Европската унија.

По состаноците трасирани се приоритетните делувања за натамошно хармонизирање со европското законодовство од Поглавјето „Европска Унија“, со разработени конкретни мерки и чекори.

 

Image-1(1)
Image-1(4)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2 3 4