Денес (16-ти септември) свечено беа пуштени во употреба новите објекти на царинскиот терминал на патниот граничен премин Ќафасан , лоциран на границата кон Република Албанија, долж пан-Европскиот коридор 8 (исток-запад), кој е 4-ти најфреквентен граничен премин за стокови пратки во земјата.

Овој инфраструктурен проект, е еден од низата на проекти реализирани со финансиска поддршка на Европската унија, и кофинансирани од Владата на Република Северна Македонија.

Новиот царински терминал за товарен сообраќај со максимален капацитет од 30 товарни возила, кој вклучува нова зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила кои овозможуваат истовремен преглед на 3 товарни возила, контролен пункт за влез/излез, хоризонтална и вертикална сигнализација и други пропратни содржини на терминалот, ќе допринесе за зголемана пропусна моќ на преминот за стокови пратки, намалување на времето потребно за граничните формалности, подобар квалитет на услугите и условите за работа на економските оператори и царинските службеници.

Овој чекор во модернизирање на граничните премини беше истакнат и преку поздравување на високите претставници кои присуствуваа на настанот: претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ г-дин Самуел Жбогар и директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски.   

Премиерот потврди дека вложувањето во развјот на инфраструктурата во земјата е еден од приоритетите на Владата и потенцираше дека транспортниот сектор игра важна улога во практикувањето на четирите основни слободи кои се суштина на Европската унија - слободно движење на стоки и услуги, капитал и лица, за чие практикување и промовирање е неопходно да се има добро развиена и модерна инфраструктура. Големо е залагањето на Царинската управа во активностите и мерките за креирање на поволна бизнис клима и заштитата на интересите на државата.

Конкретниот реализиран инфраструктурен проект е реализиран со поддршка на фондовите на Европската унија и со кофинансирање на Владата на Република Северна Македонија. Во однос на замислените цели што требаше да бидат постигнати со проектот и кои беа поддржани од Европската Унија, како и во однос на она што се придобивки по завршување на спроведените активности, Амбасадорот на ЕУ, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар изнесе дека подоброто поврзување и побрзиот проток на стоки и луѓе се значајна компонента во пристапувањето кон ЕУ. Ја поддржуваме заложбата на Владата на РСМ за поврзување на границите и се надеваме дека заедничките контроли кои беа воведени со Србија наскоро ќе се воведат и на овој граничен премин.

Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски ја истакна уште еднаш посветеноста на Царинската управа за одлучна заштита на финансиските интереси на земјата и поддршката за натамошно олеснување на трговијата. Се повика на достигнатото напредно ниво на дигитализација на царинското работење и високите стандарди воведени и практикувани во оперативните и административните процедури, внимателното инвестирање во капацитетите на Царинската управа.

Беше изразена голема благодарност за ценетата силна поддршка за реализација на овој проект, до Владата на Република Северна Македонија како сестран поддржувач, до Европската унија и Делегацијата на ЕУ како важен партнер и до Министерството за финансии како сопатник на патот кон европските интеграции.

   

69644259_2486207238329872_4850583201921368064_o
70110844_2486211434996119_7301808311484022784_o
70275486_2486207268329869_1961144752401285120_o
70352536_2486207511663178_6083115374218313728_o
70464594_2486212258329370_1994829158701596672_o
70630438_2486207374996525_580941588604125184_o
70751189_2486216004995662_1982746041308413952_o
70763936_2486213814995881_8897793368126390272_o
70818656_2486210911662838_1157934465880686592_o
70869378_2486207488329847_5389162926789623808_o
70902310_2486207111663218_2089562638169145344_o
71199072_2486211208329475_2525376869524570112_o
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12