Охрид и Струга на 12 и 13 септември беа домаќини на 4-тата Меѓународна конференција за управување со отпад со работен наслов „Комуницираме за управување со отпад“, организирана од „Македонската асоцијација за управување со цврст отпад“ (MaSWA) чиј претседател е Даниела Нелепа. На конференцијата учествуваа над 40-тина странски гости од десет земји, меѓу кои и претставници на Царинската Управа.

На тркалезна маса која се одржа во хотел Изгрев во Струга, на тема “Комуницираме со сите субјекти од општеството, како да се унапреди управувањето со отпад во Република Северна Македонија“ учесник беше и директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Ѓоко Танасоски. Тој ја истакна улогата која царината ја има како институција за контрола за правилна примена на забраните и ограничувањата за увоз, извоз и транзит на отпад. Истакната беше координативната улогата која царината ја има во комуникацијата со сите инволвирани инстиуции кои издаваат дозволи и согласности за увоз на стоки и значењето на нивната меѓусебна соработка и комуникација за сите прашања поврзани со контролите на стоките при влез во државата.

За време на тркалезната маса одговорени беа повеќе прашања поставени од страна на невладините организации околу контролата на увозот на отпадот. На маргините од конференцијата беа остварени средби со невладините организации со кои се договорени понатамошни средби и состаноци во насока на поблиско запазнавање со активностите на Царинската управа.

 

Image-13
Image-14
Image-15
Image-11
Image-12
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5