Денес, 26.08.2019 година, на ГП Табановце - Прешево, премиерите на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев и на Република Србија г-ѓа Ана Брнабиќ, го означија официјалното започнување на заеднички контроли на овој граничен премин.
На настанот присуствуваа високи делегации од двете држави, високи на претставници на царинските и полициските служби од Р.Северна Македонија и Р.Србија, како и претставници на стопанските комори.

Што добиваме преку овој заеднички граничен премин:
•    Се забрзува протокот на патници, стока и превозни средства. Ќе имаат корист и граѓаните, патниците, туристите и деловната заедница. Времето на минување на граница ќе се намали повеќе од половина. Тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави, бројот на транзитни туристи,
•    Се воведува една контрола и вршење на граничните формалности од страна на сите надлежни органи за нивно спроведување. Ова е најважна придобивка за фирмите, бидејќи се скратува времето за царинење за повеќе од половина, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби. Предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, фито санитарни и ветеринарни.
•    Се овозможува повисок степен на хармонизација на граничните контроли и унапредена примена на концептот на интегрирано гранично управување
•    Се намалува можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцијалните документи кои ја следат стоката,
•    Се заштедуваат ресурси потребни за реализација на концептот
•    Се зголеми нивото на доверба, соработка и размена на информацвии. Тоа треба да придонесе покрај за олеснување на трговијата, намалување на можноста за корупција и зголемуцвање на стабилноста и сигурноста во регионот.


Со воспоставувањето на новиот начин на работа преку заедничката гранична контрола, коридорот 10 ќе биде поатрактивен и поефикасен за извоз, увоз и транзит на стоки. Во исто време, поблиската соработка меѓу службите резултира со поуспешни стапки на откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста. Крајната цел на заедничките контроли е да се имаат отворени, но контролирани и безбедни граници, преку зајакната координација и соработка помеѓу сите надлежни гранични органи на национално и меѓународно ниво.


Царинската управа ги информира граѓаните дека, при примената на новиот режим на овој граничен премин, граничната и царинската постапка се спроведува:

Патнички сообраќај
•     Граничната контрола на патничкиот сообраќај од правец на Р. Србија кон Р. Северна Македонија се спроведува од страна на сите надлежни органи на Р. Северна Македонија и Р. Србија, на територија на Р. Северна Македонија, на граничниот премин Табановце.
•    Граничната контрола на патничкиот сообраќај од правец на Р. Северна Македонија кон Р. Србија се спроведува, од страна на сите надлежни органи на Р. Северна Македонија и Р. Србија, на територија на Р. Србија, на граничниот премин Прешево.

Товарен сообраќај
•    Граничната контрола на товарниот сообраќај од правец на Р. Србија кон Р. Северна Македонија се спроведува, од страна на сите надлежни органи на Р. Северна Македонија и Р. Србија, на територија на Р. Северна Македонија, на граничниот премин Табановце.
•    Граничната контрола на товарниот сообраќај од правец на Р. Северна Македонија кон Р. Србија се спроведува, од страна на сите надлежни органи на Р. Северна Македонија и Р. Србија, на територија на Република Србија, на граничниот премин Прешево.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
6
6
7
7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6