Со цел подобрување на движењето на граѓаните и трговијата и олеснување на сообраќајот преку државната граница помеѓу Р.Северна Македонија и Р. Србија, денеска во Скопје беа потпишани засебни протоколи за имплементација на Спогодбата за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Р.Северна Македонија) – Прешево (Р. Србија), помеѓу надлежните институции на Република Северна Македонија и Република Србија.

Денешното потпишување на протоколите следува по потпишувањето на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија во Белград на 12 јули за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево од страна на министерот Оливер Спасовски и неговиот српски колега Небојша Стефановиќ.На денешното потпишување на протоколите делегациите ги предводеа државните секретари на двете министерства: м-р Магдалена Несторовска и м-р Милосав Миличковиќ.

Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски во своето обраќање истакна дека согласно Берлинскиот процес, во кој учествуваат Република Северна Македонија и Република Србија, во насока на олеснување и забрзување на движењето на луѓе и стока преку државните граници, воведувањето на заеднички контроли претставува една од целите на Повеќегодишниот акциски план, за создавање на Регионална економска област на Западен Балкан, усвоен на Самитот во Трст во јули 2017 година. На крај изрази благодарност до Царината на Република Србија и двете Влади за нивната безрезервна поддршка за оваа иницијатива да профункционира и да биде пример за силна билатерална и регионална соработка.„One stop shop е проект на кој сме особено горди и искрено се надевам дека ове ќе биде добар пример за сите држави во регионот.

Потпишувањето на протоколите за спроведување на Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија за заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај се доказ дека заедничките сили, соработка и вклученоста на институциите на крај резултираат со успех кој ќе биде од полза на граѓаните од двете држави“, истакна м-р Несторовска.

Државниот секретар Миличковиќ рече дека граничниот премин Прешево-Табановце е еден од најпрометните премини, особено во текот на летото кога голем број на граѓани на Република Србија преку него се упатуваат кон Грција, па со „One stop shop“ значително ќе се скрати чекањето на граничниот премин.„Од воспоставувањето на заедничка контрола ќе имат дирекна корист граѓаните на Србија и Северна Македонија. Ова е јасен показател дека раководствата на двете земји носат решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“, рече Миличковиќ.По завршувањето на останатите формалности, наскоро ќе почне да функционира „Оne stop shop“ на ГП Табановце-Прешево.

013
014 (2)
015
016
Previous Next Play Pause
1 2 3 4