Царинската управа во соработка со Економската Комисија на Обединетите Нации за Европа (UNECE) и Светска Банка на 4-5.09.2019 година ќе организира регионална работилница за техничка соработка за надополнување на нормите за примена на концептот на Едношалтерски систем за извозно и увозно царинење и размена на податоци. На работилницата покрај претставници на царинските управи на ЦЕФТА земјите, граничните агенции за ветерина и фитосанирани учесници, ќе учествуваат и претставници од сите агенции што се вклучени во процесот на издавање на дозволи за увоз и извоз на стоки. Исто така, се очекува присуство на високи претставници на UNECE, Светска Банка, IFC и Европската комисија.

На работилницата учесниците ќе се надоврзат на резултатите од долгорочните проекти на Економската Комисија на Обединетите Нации за Европа што се фокусирани на олеснување на трговијата и Едношалтерскиот систем во регионот, како и на резултатите од Работната група на ЕУ задолжена за Едношалтерски систем. Ќе допринесе за поврзување на активностите на Светската банка и нормите на Центарот на ОН за олеснување на трговија и електронско деловно работење (UN/CEFACT).

Работилница се одржува пред почетокот на големиот проект за едношалтерски систем во Република Северна Македонија финансиран од страна на Светската банка, што треба да придонесе за значително подобрување на условите за меѓународната трговија, намалување на трошоците за увоз и извоз и елиминирање на сите непотребни дозволи.