Во рамки на летната програма за посета на домашните компании и во насока на поддршка на нивните активности од страна на Царинската управа, денес e остварена средба со раководството на текстилната фабрика Хавеп од Скопје. Силниот економски раст претставува што поголемо вклучување на малите и средните претпријатија во глобалните синџири на снабдување, а Царината треба да биде главен двигател на овие промени. Разговараме за можностите за добивање на одобрение за Овластен економски оператор, поголемо користење на поедноставените царински постапки и на другите царински олеснување. Како македонско-холандска фирма Хавеп е лидер во иновативните решенија за зголемување на продуктивноста. Сите овие царински погодности треба да придонесат кон намалување на трошоците, подобрување на времето на минување на граница и зголемување на конкуретноста на македонските компании.

 

66855884_1149804641888805_3249745777127325696_n
66855884_1149804641888805_3249745777127325696_n
67493149_352727692069533_5233705868251365376_n
67493149_352727692069533_5233705868251365376_n
Previous Next Play Pause
1 2