Царинската управа ја известува јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143 од 12.07.2019 година е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кој се одложува неговата примена до 01 Ноември 2019 година.

Примената за Законот е одложена првенствено на барање на бизнис заедницата за да се овозможи подолго време за нивно усогласување со одредбите од Законот за акцизите и со функционирањето на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи и за навремено завршување на административните процедури поврзани со неговото спроведување.

Покрај одложувањето на примената, со измените во Законот е направено и техничко усогласување при што е избришан членот 127, а одредбите од овој член се пропишани во членот 73 став (3). Со измените на членот 122 на начин, имателите на акцизни дозволи, имателите на одобренија за акцизно повластено користење и регистрираните трговци со минерални масла кои содржат материи за обележување се должни акцизните дозволи, одобренијата за акцизно повластено користење и регистрациите на трговци со минерални масла кои содржат материи за обележување да ги усогласат со одредбите од новиот Закон до 01 ноември 2019 година.

Царинската управа во периодот кој следи ќе им пружи максимална поддршка на сите засегнати страни, со цел полесно усогласување на работењето со новиот Закон.

Текстот на Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите може да го најдете на следниот линк: