Почитувани,

Царинската управа ве известува дека почнувајќи од понеделник, 17 јуни 2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција во царинските испостави Куманово и Струмица. Сите увозни декларации почнувајќи од овој датум во наведените царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

Уште еднаш напоменуваме дека основните услови за да можете да поднесете електронска царинска декларација во СОЦДАД се:

  • да поседувате електронски потпис (сертификат);
  • да имате одобрен пристап до СОЦДАД;
  • доколку поднесување на декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да сте побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД;
  • сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД.

Со цел да се овозможи претходно подготвување на увозните декларации кои ќе се поднесуваат во ЦИ Куманово и ЦИ Струмица, ќе ви биде овозможен пристап до Порталот за трговци за модулот почнувајќи од недела, 16.06.2019 година. При пополнување и поднесување на увозните декларации треба да се води сметка за следново:

  • доколку во увозната декларација или декларација за привремено чување се користи транзитен документ за кој завршувањето на постапката е евидентирано во НКТС на ден 17.06.2019 или подоцна како претходен документ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ НАВЕДУВА бројот на транзитната декларација (РБД) и се внесуваат податоци за тежината која се раздолжува;
  • доколку во увозната декларација или декларација за привремено чување се користи транзитен документ за кој завршувањето на постапката е евидентирано во НКТС заклучно со 16.06.2019 или претходен документ евидентиран во АСИКУДА, податокот за претходен документ НЕ СЕ ПОПОЛНУВА;
  • доколку во увозната декларација се користи претходен документ кој е евидентиран во СОЦДАД (декларација за привремено чување или декларација за царинско складирање) ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ НАВЕДУВА бројот на претходниот документ (РБД) и се внесуваат податоци за реден број и тежината која се раздолжува од претходниот документ;
  • Податоци за раздолжување на гаранција која била задолжена во АСИКУДА се внесуваат со рубрика 44 – Приложени документи со користење на шифрата 5071 и податок за висина на гарантиран износ кој се раздолжува;

Детални насоки и појаснувања за постапување за четирите погоре наведени точки се објавени на интернет страната на Царинската управа во делот СОЦДАД – Информации и документација – Појаснувања

  • Плаќање на давачките по основ на увозни декларации кои се евидентирани во СОЦДАД се врши исклучиво со наведување на Редниот број на движење (РБД);
  • При спроведување на поедноставена увозна постапка – локално царинење при увоз задолжително се поднесува декларација од тип Z и стоката не смее да се пушти во слободен промет се додека не се добие пораката IMD29;
  • Декларациите кои ќе бидат подготвени во недела, 16.06.2019 година во Порталот за трговци, а во кои треба да се користи како претходен документ транзитна декларација за кој завршувањето на постапката треба да се евидентира во НКТС, треба да сочуваат како Обрасци со цел нивно поднесување на 17.06.2019 по внесување на РБД од НКТС;
  • На 16.06.2019 година во системот НЕ ТРЕБА да се внесуваат декларации од тип Z за локално царинење увоз затоа што ваквите декларации автоматски ќе бидат прифатени од системот;
  • За намалување на бројот на одбиени декларации, пред поднесување на декларацијата потребно е да се изврши проверка на мерките на трговската политика и давачките кои важат со соодветната тарифна ознака во Интегрираната тарифна околина (ИТО);
  • При пополнување на увозната царинска декларација задолжително треба да се користат шифрите од новиот Правилник за ЕЦД.
  • При пополнување на увозната царинска декларација задолжително треба да се користат шифрите од новиот Прирачник за ТАРИМ.

Забелешките за евентуалните проблеми при спроведување на постапката со СОЦДАД можете да ги доставите на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,