На 14.06.2019 година, во Охрид заврши двонеделна обука за управување со чамци под покровителство на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, а наменета за царински и полициски службеници од Северна Македонија, Албанија и Косово.

Со оваа обука им се овозможува на царинските и полициските службеници да се стекнат со знаења и вештини што ќе придонесат за безбедно и ефикасно управување со чамци, подобрување на одговорноста на персоналот со чамците, управување со ризик, управување со мапа, како и да се стекнат со знаење поврзани со соодветни активност за спасување на луѓе во вода.

Тестирањето на царинските и професионалните службеници покажа зголемување на нивните вештини за 67%, што е значителен индикатор за посветеноста на обучувачите и инструкторите.

Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност, со своите програмски активности и квалитет, значително придонесува кон остварување на добри резултати и ефикасност во борбата против прекуграничниот криминал, како и значителното подобрување на соработката и градењето на институционалниот капацитет на овие две институции, непосредно задолжени за безбедноста на границата и општеството.

На свеченоста за затворање на обуката и доделување на дипломите учествуваше и директорот на Царинска управа г. Ѓоко Танасоски, кој им се заблагодари на сите вклучени во програмата за својата посветеност и стручност и им посака успешно спроведување на новостекнатите техники, брз личен развој во кариерата и посветеност за зачувување на вистинските вредности на земјите кои ги претставуваат.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6