На 12.06 и 13.06 во хотелот Хилтон се одржа дводневен состанок на Управната група за преземени обврски за безбедност во рамки на Берлинскиот процес. Состанокот го отворија г.Dominik Otway – заменик шеф на мисијата, претставник на British Embassy Skopje, Joanna West – директор на стратегијата за справување со организиран криминал на Министерство за внатрешни работи на Обединетото Кралство и Министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски.

Во рамките на панелот: „РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ: УСПЕСИ, ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНОСТИ“, Директорот на Царинската управа г.Ѓоко Танасоски се обрати кон присутните со особен осврт на новите предизвици со кои се соочуваме последните неколку години поврзани со сериозен и организиран криминал. Борбата против нелегалната трговија и криминалот денес е еден од приоритетните задачи на Царинската управа.

„Како Царина, покрај прибирањето на даноци, должност ни е да обезбедиме олеснување на меѓународната трговија, но истовремено имаме и одговорност да обезбедиме безбедност на границите и општеството“ – посочи г. Танасоски.

Како еден од позначајните преземени чекори. до сега се одржани четири неформални состаноци на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, каде освен брифинзите за напредокот на соработката, произлегоа и многу конкретни чекори за подобрување на соработката, како што е постигнатиот напредок за скоро воведување на Платформа, односно усвојување на системот nCEN, обезбеден и развиен од Светската царинска организација, за прибирање на податоци и апликацијата Icomm за размена на информации и податоци за заплени и оперативни активности помеѓу нив.

Царинските управи подготвуваат заедничка листа со предупредувања која може да се сподели помеѓу секоја администрација, идентификувајќи ги субјектите кои претставуваат најголем ризик за царинските администрации.

Во реализацијата на оваа идеја активно се вклучи Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и British Embassy Skopje, со безрезервна поддршка за оваа иницијатива да профункционира и да биде пример за силна регионална соработка, за што како Царинска управа и како држава изразуваме огромна благодарност.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4