На 12.06.2019 година во просториите на Царинската управа се одржа работен состанок помеѓу претставници на Царинската управа и заинтересираните учесници во извозната и увозната постапка кои работат со Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM.

Целта на состанокот беше подготовка и запознавање на бизнис заедницата со новините и промените во EXIМ системот кои произлегоа од ставањето во функција на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) и системот за Интегрирана царинска околина (ИТО), со кои ЕXIM системот е интегриран. Се дискутираше и за досегашното функционирање и начините за надминување и расчистување на проблемите и дилемите кои може да се појават при поднесување на барање за добивање на дозвола до надлежните институции.

Согласно дискусијата, на состанокот се донесоа следните заклучоци:

  • Дозволите за увоз кои ги издаваат институциите преку EXIM системот во царинската постапка, а кои на 30.06.2019 година во системот ќе имаат статус делумно искористени, со системска процедура ќе добијат статус „изминат рок“, а економските оператори ќе треба да аплицираат за нови дозволи кај надлежната институција. Воедно застапниците беа замолени да ги информираат ниивните клиенти со цел да навремено да поднесат барање за добивање на дозволи до надлежните институции.
  • Царинската управа да ги исконтактира надлежните институции со цел добивање на повратен одговор дали имаат потреба од додавање на дополнително поле во електронските барањата за добивање на дозвола со цел да не се појават проблеми при електронското раздолжување на количините.
20190612_111310
20190612_111338
20190612_111402
20190612_111440
20190612_111148
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5