Ве информираме дека денес (13.06.2019 година) направена е промена кај дозволите на Агенцијата за лекови и медицински средства (Е041, E050, I040, I041, I050) и Министерството за животна средина и просторно планирање (I020, E025, I025). Оваa промена се реализира на барање на институциите надлежни за нивно издавање.

Со промената е овозможено во барањата за дозволи покрај количината изразена во единица мерка согласно Законот за царинска тарифа, да може да се внесе и количина изразена во парчиња.

Воедно, Ве замолуваме да започнете со аплицирање за нови дозволи бидејќи, како што претходно сте известени, дозволите за увоз кои на 30.06.2019 година во системот ќе имаат статус „делумно искористени“, во координација со институциите со системска процедура ќе добијат статус „изминат рок“, и истите нема да можат да се користат при понатамошното спроведување на царинската постапка.

За подетални информации и консултации можете да се обратите на контакт лицата од институциите на следниот линк:

http://exim.gov.mk/EILWeb/startPageHelpDesk.jsf