Царинската управа на Република Северна Македонија од 1 јуни 2019 година го пушти во продукција новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) во делот на извозните царински постапки.

Од 1 јули 2019 година во продукција ќе го пушти и делот на увозните постапки.

Во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем како и поврзувањето на овој систем со едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM, Царинската управа Ве поканува на состанок кој ќе се одржи на 12 јуни 2019 година (среда) во амфитеатарот на Царинската управа (стар објект, ул. Лазар Личеноски бр. 13) со почеток во 11,00 часот.

На обуката се покануваат сите заинтересирани учесници во извозната и увозната постапка кои работат со едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM

Со почит,
Царинска управа