Царинската управа во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем за обработка на царински декларации, организира обука за спроведување на извозна постапка со примена на СОЦДАД.

Обуката ќе се одржи на 30 мај 2019 година (четврток) во амфитеатарот на Царинската управа (стар објект, ул. Лазар Личеноски бр. 13) со почеток во 10,00 часот.

На обуката потребно е да присуствуваат сите заинтересирани учесници во извозната постапка.

Со почит,

Царинска управа