Царинската управа ве известува дека податоците внесени во времената околина на СОЦДАД ќе бидат префрлени на продукциска околина. Тоа значи дека линковите кон времената околина за поврзување кон СОЦДАД

https://traders-ct.customs.gov.mk/registration-ui ,

https://traders-ct.customs.gov.mk/myAccount-ui и

https://traders-ct.customs.gov.mk/trader-meos-ui

ќе може да ги користите уште денес, до крајот на денот.

Од утре, 29.05.2019 година, за поврзување кон СОЦДАД ќе се користат линковите кон продукциска околина, односно

https://trader.customs.gov.mk/registration-ui ,

https://trader.customs.gov.mk/myAccount-ui и

https://trader.customs.gov.mk/trader-meos-ui).

Напоменуваме дека од времената околина на продукциската околина ќе бидат пренесени и сите нацрти на барања за одобренија. Тоа ќе ви овозможи дека доколку некое барање за одобрение е делумно пополнето во Системот за управување со економски оператори (MEOS) и зачувано како нацрт во времената околина, ќе може да продолжите со обработка и поднесување на барањето во продукциската околина на СОЦДАД.