Царинската управа ве известува дека новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе биде пуштен во оперативна примена на 01.06.2019 година. За непречено пуштање на системот во оперативна примена неопходно е одредени активности да бидат преземени од страна на економските оператори, на кои што укажавме на претходно организираните работни состаноци, пред се во однос на обезбедување на пристап до системот и поднесување на барања за издавање на соодветните одобренија. Деталите за начинот на одобрување на пристап до СОЦДАД и начинот на добивање на сите потребни одобренија се дадени во документот во прилог на ова известување. 

До СОЦДАД економските оператори можат да пристапуваат преку сопствени системи или со користење на Порталот за трговци на Царинската управа кој е достапен без надомест.

Напоменуваме дека од 23 мај 2019 година, при поднесувањето на декларации преку порталот за трговци економските оператори ќе имаат можност за автоматска проверка на пресметка на износите на давачки и примена на мерките на трговска политика (дозволи, забрани, лиценци,...) преку комуникација со Интегрираната тарифна околина (ИТО).

Уште еднаш апелираме сите економски оператори што планираат да поднесуваат царински декларации користејќи го новиот систем навремено да ги преземат чекорите наведени во приложениот документ.

Насоки за Економските оператори