Царинската управа во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем за обработка на царински декларации, а врз основа на барањата од бизнис заедницата подготви програма за обука за работа со модулот за управување со одобренија во царинските постапки и гаранции. 

 

 

Ве информираме дека поради големиот интерес за оваа обука, царинската управа организира уште една обука. Оваа обука ќе се одржи на 21 мај 2019 година (вторник) во амфитеатарот на Царинската управа (стар објект, ул. Лазар Личеноски бр. 13) со почеток во 11,00 часот.

Со почит,

Царинска управа