Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија, присуствува на Семинар на високо ниво за едношалтерски систем во Царината на Европска Унија. Семинарот се одржува во период 16-17.05.2019, во Букурешт, во рамките на претседателството на Романија со Европска Унија.

Целта на состанокот е преку дискусија на високо раководни лица на Царините на земјите членки, како и земјите кандидати за членки на Европска Унија, во насока на финализирање на законодавната рамка за воведување на современ едношалтерски систем во царинското работење. Ова претставува чекор од стратегијата за модернизација на царинското работење и е во согласност со модернизираниот Царински закон на Европска Унија, како и современите барања на трговијата. Од дискусиите се очекува да произлезат процедури за создавање на модерна царинска служба, која при спроведување на своите надлежности целосно електронски комуницира со сите надлежни институции на граничните премини вклучително и економските оператори.

Состанокот претставува дел од пошироката иницијатива на Европската Унија за подобрување на услугите на засегнатите страни од царинското работење и економските оператори со олеснето внесување на информации во системите преку една точка, навремена размена и пренос на релевантните информации, со што ќе се подобри конкурентноста на Европската Унија.

 

60697903_1230814177096894_3436148916846854144_n
60697903_1230814177096894_3436148916846854144_n
60925035_449814812433599_7634217971077873664_n
60925035_449814812433599_7634217971077873664_n
Previous Next Play Pause
1 2