Царинската управа на Република Северна Македонија, на 23.04.2019 година, го промовираше концептот за овластен економски оператор, неговото значење и бенефицијата што ќе ја имаат фирмите, пред бизнис-секторот и студентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Претставниците на Царинската управа,  Билјана Гаџовска, самостоен советник и Иван Спасовски, управник на Царинарница Штип, појаснија дека овластен економски оператор е највисокиот статус којшто може да го стекне едно трговско друштво, што ќе понуди сигурно и безбедно спроведување на своите постапки, а бенефитот е намален број на контроли од страна на Царинската управа, побрз проток на стока, скратување на царинските постапки, а најмногу од сè е взаемното признавање во рамките на земјите членки на ЦЕФТА. 

Ректорот на УГД – Штип, Проф. д-р Блажо Боев истакна дека ваквите промоции и средби со институции се од особено значење за студентите, кои директно можат да се запознаат со нивната идна работа и предизвици.

B76CF7C2-0DF9-4EA3-A984-34500B4ACBE5
B76CF7C2-0DF9-4EA3-A984-34500B4ACBE5
E7B0F13F-55A7-4B1F-A075-A2B34300D9C6
E7B0F13F-55A7-4B1F-A075-A2B34300D9C6
Previous Next Play Pause
1 2