Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, остварија средба со бизнисмени и деловни луѓе од овој регион.

Состанокот со бизнис заедницата се одржа два дена по билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Грција, каде се отпочнаа првите чекори во насока на остварување на стратешко партнерство и зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Договорот од Преспа, и Акцискиот план за интензивирање на сорабoтката помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.

На средбата се зборуваше за мерките за поддршка на конкурентноста на домашните компании од Планот за економски раст, за важноста од меѓуграничната соработка помеѓу граѓаните и компаниите од двете земји, а се разменија предлози и размислувања за надминување на одредени проблеми на кои посочуваат претставниците на бизнис заедницата. 

Царинската управа продолжува да ја унапредува својата улога како постојан партнер на деловната заедница, и ќе продолжи да ја врши својата мисија, насочена кон промовирање на економскиот раст и развој на државата.

 

2-2
2-2
2
2
3-3
3-3
3
3
4
4
5
5
6
6
naslovna
naslovna
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8