На 16.04.2019 година во Атина се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Грција. Состанокот на делегациите се одржа во насока на остварување на стратешко партнерство и зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на  Договорот од Преспа, како и Акциски план за интензивирање и збогатување на сорабoтката помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, како и соработката на граничните премини.

Делегациите предводени од Директорите на цаинските служби Ѓоко Танасоски  и Константинос Муртидис (Konstantinos Mourtidis), разговараа  за повеќе теми од интерес за унапредување на взаемната соработка, како и за придонесот кон понатамошно забрзување на преминувањето на границата на граничните премини.

На состанокот е разгледана  соработката во насока на градење на царинските капацитети на Царинската управа на Република Северна Македонија,  учество во заеднички проекти и активности за постигнување на поголема брзина при размената на податоците и оперативност во борбата против царинските измами и недозволената трговија. 

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6