Како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, на 27 март 2019 година започнавме јавна кампања „Стоп за фалсификувани производи“. Кампањата  започна да се спроведува во СУГС ,,Орце Николов" од Скопје каде во просториите на училиштето беше поставен штанд на кој беа изложени примероци од запленети фалсификати. 

Покрај изложените примероци од запленетите фалсификувани производи,  на учениците им се делеа информативни брошури и им беше овозможен разговор со царинските службеници при што имаа можност покрај информациите за опасноста од употребата на фалсификати,  да се информираат и за се што презема Царинската управа во борбата против фалсификатите и за тоа како најлесно може да ги препознаат фалсификуваните производи.

Оваа кампања е фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие преставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи енормни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.

 

20190327_090450
20190327_090450
20190327_091122
20190327_091122
20190327_091309
20190327_091309
20190327_092624
20190327_092624
IMG-3f074b1cbb880aeebdab4e8e6da73c10-V
IMG-3f074b1cbb880aeebdab4e8e6da73c10-V
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5