Поради големиот интерес за функционалностите на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) Царинската управа, со поддршка на Проектот на USAID за регионален економски раст – РЕГ организира дополнителен работен состанок.

Целта на овој состанок е присутните практично да се запознаат со функционалностите на СОЦДАД. Состанокот ќе се одржи на 15. 03. 2019 година (петок) со почеток во 12 часот во компјутеската предавална на Економски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (Адреса: бул. Гоце Делчев бр.9В 1000 Скопје). 

Се повикуваат сите економски оператори кои спроведуваат царински постапки во пилот испоставите (особено од пилот испоставите во царинарниците Куманово, Штип, Гевгелија и Битола)  да пријават најмногу по 2 учесници најдоцна до 14.03.2019 година (четврток) до 12,00 часот на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Поради интересот пријавувањето ќе биде по принципот прв дојден прв услужен.

Воедно Ве информираме дека дополнително се планирани обуки за СОЦДАД и информациите за распоредот и локација на одржување на истите ќе бидат благовремено објавени.

 

Со почит,

Царинска управа