Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  облека, девизи, сефови и фалсификати. 

Облека

- 93.748 парчиња облека, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1, биле пронајдени 41.800 пара чорапи, кои не биле опфатени со царинските документи. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот и неговото одговорно лице ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во вториот случај, при контрола на турски автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица, во два куфери сместени во багажниот простор, биле пронајдени 148 парчиња облека (фустани, кошули, здолништа, марами и тренерки). Непријавените производи се привремено задржани, а против сопственичката, македонска државјанка која патувала со автобусот,  ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Девизи

- 3.500 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонска државјанка која, со македонски автомобил и во придружба на нејзиниот сопруг, се пријавила за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во рачната ташна на патничката биле пронајдени 5.500 евра, за кои не поседувала документ за потекло. Согласно законските прописи на патничката и биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.  

Сефови

- 10  хотелски сефови HOMDOC, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените сефови, пронајдени во кутии сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 14.730 килограми чај со лого на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на македонски камион, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Производите, наменети за увозник од Куманово, се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи ќе биде започната постапка за докажување на нивната оригиналност.

 

Corapi, mobilna
Corapi, mobilna
Devizi, mobilna
Devizi, mobilna
Obleka, mobilna
Obleka, mobilna
Sefovi,Tabanovce
Sefovi,Tabanovce
Previous Next Play Pause
1 2 3 4