Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека во период од 04.03.2019 до 15.03.2019 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање стучен испит во писарницата на Царинската управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.,04.01, кој образец можете да го најдете на линк (пријава за полагање испит).

Кон барањето потребно е да ги поднесете следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2. Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена кај нотар).  

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво не ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат. (оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (во фотокопија),

5.Административна такса од 50 денари за барањето и 500 денари за одлуката.

Право да поднесат Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник имаат и оние кандидати кои претходно го пријавиле стручниот испит за полагање за лиценциран застапник, но истиот не го положиле. За секое понатамошно полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, овие кандидати потребно е да платат надоместок во износ од 6.000,00 денари. Овие кандидати поднесуваат само пријава на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-ОБ.05.01 и уплатница со горе - наведениот износ. Линк (пријава за повторно полагање).

 

Уплатата за сите кандидати се врши на следната сметка:

Примач: МиниAстерство за финансии – Царинска управа

   Лазар Личеноски 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

 

Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање како и датумот и местото на одржувањето на стручниот испит, дополнително ќе бидат објавени на страната на Царинска управа.

 

Весна Петреска –одговорно лице за стручни и административни работи.