Во рамки на соработката со  Царината на Косово на денешната средба со генералниот директор Бахри Бериша беше договорено интензивирање и продлабочување на размената на информации во врска со потеклото на стоките, вредноста на стоките и воспоставување на заеднички профили на ризик.

Интензивирањето на размената на информации ќе биде зајакната и со воведување на заеднички контроли за проверка на потеклото на стоките од двете царински служби на територијата и во Република Северна Македонија и во Косово.

На средбата беа договорени и низа на активности за олеснување и забрзување на движењето на стоки и патници во рамки на ЦЕФТА договорот за слободна трговија.

 

IMG-9bf75bcedf57df8d8dad75bc175084c1-V
IMG-9bf75bcedf57df8d8dad75bc175084c1-V
IMG-ded5ddc3df7d7c9c5fdd5ce02da14e6b-V
IMG-ded5ddc3df7d7c9c5fdd5ce02da14e6b-V
Previous Next Play Pause
1 2