Во периодот 15-16 ноември 2018 година, во Скопје, се одржа работилница за Имплементација на едношалтерски систем и размена на податоци - Поврзување на земјите од Западен Балкан. Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Македонија во соработка со UNECE - Економската Комисијата на Обединетите Нации за Европа и Проектот на USAID за регионален економски раст.

Оваа работилница преставува можност да се искористат резултатите од Работната група за Едношалтерски систем на ЕУ, искуството на експертите од Центарот за олеснување на трговијата и е-бизнис на ОН и експертизите на UNECE, а со цел усогласување на земјите од Западен Балкан со меѓународните стандарди во областа на едношалтерскиот систем. Едношалтерски систем ЕХIM се користи за издавање на лиценци, дозволи и одобренија потребни за спроведување на царинската постапка. Кон овој систем се поврзани 16 владини агенции и со него се овозможува трговците да поднесуваат барања за добивање на дозволи за извоз или увоз по електронски пат. Преку овој систем, исто така, се врши распределба на царинските преференцијални квоти врз основа на системот прв дојден-прв услужен, како и електронско следење на плаќањето на административните такси и другите надоместоци за нивно издавање. Едношалтерски систем ЕХIM значително ги намалува трошоците за извоз и увоз и ја олеснува постапката за распределба и добивање на царински преференцијални квоти.

На работилницата покрај претставници од институциите корисници на едношалтерскиот систем EXIM, присуствуваа и претставници од земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија и Косово), како и високи претставници на USAID, UNECE и DG TAXUD.

На настанот обраќање имаше и директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, кој ја искористи приликата да го најави новиот проект за осовременување и надградба на ЕХИМ системот. Директорот исто така истакна дека се очекува новиот ЕХИМ да биде целосно дигитализиран и бесхартиен, да ги исполни одредбите од Договорот на Светска трговска организација за олеснување на трговијата, да придонесе за олеснување на трговијата и намалување на трошоците за увозниците и извозниците.

 

3 rab EXIM
4 rab EXIM
15 11 rab.EXIM
2 rab EXIM
Previous Next Play Pause
1 2 3 4