Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 13.11.2018 година учествуваше на 15-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Скопје. 

Во делот на Царинската унија, во рамките на состанокот на Поткомитетот, Директорот на Царинската управа ги информираше претставниците на Европската Комисија за напредокот во законодавството, институционалниот и административниот капацитет на Царинската управа, тековните иницијативи за олеснување на трговијата, продлабочувањето на регионалната соработка   како и за одржувањето на ИТ системите.

Беше разговарано за напредокот и идните активности во развојот на Системот за обработка на царински декларации (CDEPS), за одржувањето и развојот на информатичките системи за транзит и за интегрирана тарифна околина. Учесниците на состанокот беа информирани за тековните инфраструктурни проекти поддржани од ЕУ  и нивното влијание врз забрзување на граничните и царинските постапки.   Учесниците беа информирани и за новитетите во поглед на воведувањето на Овластениот економски оператор (ОЕО) и активностите за меѓусебно признавање на ОЕО во рамките на ЦЕФТА регионот.  Европската Комисија информираше за новитетите во законодавството на ниво на Европската Унија.

 

PTICO 1
PTICO 1
PTICO 2
PTICO 2
Previous Next Play Pause
1 2