Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија со задоволство Ве поканува да земете учество на настанот за Промовирање на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори.

Настанот ќе се одржи на 29 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 10:00 часот.

Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царинската управа, во таа насока силно ги охрабрува македонските економски оператори, да се стекнат со статус на овластен економски оператор, за да можат да се вклучат во глобалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да добијат меѓународно признавање.

Со цел промовирање и користење на статусот на ОЕО во регионални и глобални рамки, Царинската управа во следниот период планира да организира повеќе настани насочени кон запознавање на деловната заедница со концептот на ОЕО и условите под кои еден економски оператор може да добие статус на ОЕО, како и промовирање на поволностите и олеснувањата кои овој статус ги овозможува.

Сите заинтересирани учесници треба да го потврдат своето учество кај Билјана Гаџовска на следната адреса на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 22 ноември 2018 година.