На 16 и 17  октомври 2018 година во Велес, шест царински администрации од Западен Балкан одржaa неформален регионален состанок, организиран на ниво на директори од секторите задолжени за спроведување на законот и царински контроли и истраги.

Тема на дискусија за време на состанокот беа законските аспекти за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации според усогласени стандарди и методи, преку назначени контакт лица на ниво на секоја Царинска управа. 

На отворањето на настанот, воведно обраќање имаше директорот на Царинската управа на Република Македонија г-дин Ѓоко Танасоски, амбасадорката на Британија во Македонија 

г-ѓа Рејчел Галовеј  и претставник на Царинската служба на Британија г-дин Ендру Павлинич. Директорот на Царинската управа во своето обраќање истакна дека состанокот е погодна можност за споделување на најдобри практики и искуства за спроведување на активностите од Повеќегодишниот акциски план  усвоен во јули 2017 година, на патот за формирање на Регионална економска зона во Западен Балкан и интегрирање на регионот во Европската унија. Исто така, посочи дека и во иднина фокусот ќе биде ставен на поедноставување на царинските контроли, со континуирано унапредување на механизмите за анализа на ризик и воведување на заеднички гранични контроли. 

Амбасадорката на Британија во Македонија г-ѓа Рејчел Галовеј  во своето обраќање истакна дека посилни капацитети на царинските администрации за навремено и ефикасно да разменуваат податоци на национално и регионално ниво ќе помогне во справувањето со заканите од сериозниот, организиран и економски криминал. За ефективно справување со заканите потребни се ефикасни процедури за споделување на информации, доверба и комуникација. Таа истакна дека Западниот Балкан е клучен регион за Обединетото Кралство од чија стабилност и просперитет има придобивка и Европа. Британија е посветена на регионот и задоволство ни е што можеме да поддржиме иницијативи како оваа која потекнуваат од самиот регион. 

Предлозите што произлегоа од состанокот, организиран со поддршка на Царинската служба на Британија и Светската царинска организација, ќе бидат проследени до директорите на царинските служби од Западен Балкан и ќе бидат предмет на разгледување на следниот неформален состанок што ќе се организира на високо ниво  во Подгорица во декември оваа година.

 

Image-1 (1)
Image-1 (1)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2