Царинската управа ги известува сите учесници во царинската постапка (увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери) дека на 10.10.2018 година (среда) со почеток во 10 часот во просториите на Царинската управа (стара зграда, амфитеатар), Лазар Личеноски 13, ќе биде организирана средба – отворен ден со Директорот на Царинската управа на Република Македонија, м-р Ѓоко Танасоски.

Средбата е отворена за сите учесници во царинската постапка и на неа ќе се разговара за новините во царинското работење што треба да почнат да се применуваат од јануари 2019 година, како што се, новиот електронски систем за обработка на царински и акцизни документи, Овластениот економски оператор и новите царински прописи.

 

Царинска управа на Република Македонија