Денес (26 септември 2018 година), Царинската управа беше домаќин на ученици и наставници од ОУ Коле Неделковски - Скопје. Целта на посетата на учениците од II-a одделение, беше нивна едукација за работата на Царинската управа, особено во делот заштита на здравјето и животот на населението.

Добредојде на учениците им посака директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски кој накратко ги презентираше надлежностите на Царината и активностите поврзани со борбата против недозволената трговија со цел исполнување на мисијата на Царинската управа за заштита на населението и најмладата популација.  Учениците имаа можност да го видат Царинскиот музеј во кој се наоѓаат повеќе примероци од запленета стока, воедно тука се претставени и активностите и резултатите од работењето на Царинската управа од почетокот на нејзиното постоење. Во дворот на управата им беше презентирана и показна вежба со царинско куче за пронаоѓање на дрога.

Со оглед на позитивно прифатената средба од страна на учениците, очекуваме ваквиот вид на соработка да продолжи и во иднина, во насока на запознавање на граѓаните со мисијата на Царинската управа, но и со цел заедничко и превентивно делување во заштита на младите и спречување на секаков облик на недозволена трговија.

 

Image-1 (1)
Image-1 (1)
Image-1 (2)
Image-1 (2)
Image-1 (3)
Image-1 (3)
Image-1 (4)
Image-1 (4)
Image-1 (5)
Image-1 (5)
Image-1 (6)
Image-1 (6)
Image-1 (7)
Image-1 (7)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8