Во период од 17 до 21 септември 2018 година, во просториите на Царинска управа се одржа работилница со подготвителни активности за воспоставување на систем за управување со сопствени средстава на Европската унија. Работилницата е дел од Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската управа“, финансиран од ИПА фондовите на ЕУ. 

Експертите од оваа област, г-ѓа Марица Вуковиќ, помошник директор на Сектор за финансии во Царинска управа на Република Хрватска и г-ѓа Марина Кнежевиќ претставник од Одделение за задолжителни давачки при Сектор за финансии во Царинската управа на Република Хрватска, зборуваа за царинското законодавство на ЕУ од областа на управување со финансиските средства, како и за активностите кои ги презеде Царинската управа на Хрватска пред пристапувањето во ЕУ, со цел усогласување со законите во ЕУ, како и подготовка на ИТ системите за спроведување на постапката за управување со сопствените средства на ЕУ. За време на пет дневната работилница се дискутираше и за потребните административни капацитети и евентуални промени во организацијата со цел воспоставување на систем за управување со  сопствени ресурси.

Преку оваа работилница, Царинската управа на Република Хрватска уште еднаш ја искажа подготвеноста за интензивна соработка и поддршка во евроинтеграциските процеси на македонската Царина, преку размена на искуство и добра практика.

 

Image-1
Image-1
IMG_1851
IMG_1851
Previous Next Play Pause
1 2