Денес (06.07.2018 година) претставници на Царинската управа на Република Македонија, предводени од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на царинска испостава Ќафасан, одржаа состанок со претставници на Царинската управа на Република Албанија, предводени од директорката г-ѓа Белинда Икономи.

Целта на состанокот беше запознавање на царинските службеници од Република Албанија со работењето на EXIM - електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење и претставува едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти.

EXIM системот овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции, а  Царинската управа на Република Македонија го воведе во 2008 година.

За време на состанокот, претставниците на Царинската управа на Република Албанија имаа можност да направат увид во градежните работи за изградба на нов терминал на ГП Ќафасан, што се планира во иднина да се користи од двете царински служби.

 

Image-1 (1)
Image-1 (1)
Image-1 (2)
Image-1 (2)
Image-1 (3)
Image-1 (3)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2 3 4