Ве информираме дека меѓународниот транспорт на стоки преку граничен премин Блаце од 29.05.2018 година е нормализиран. 

Имено, по затворањето на магистралниот пат Качаник - Хани и Елезит предизвикано од свлечиште, граничниот премин Блаце од 18.05.2018 година беше затворен за меѓународен транспорт на стоки, но по завршување на градежните работи магистралниот пат од 29.05.2018 година е пуштен за сообраќај и истиот се одвива нормално во двата правци.