Царинската управа е во последната фаза од имплементација на нов систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Системот ќе овозможи електронско поднесување и обработка на сите царински декларации и акцизни документи.

Системот СОЦДАД ќе овозможи поднесување на документи, односно комуникација  со компаниите на два начина:

·Преку веб портал до кој можете да пристапите на (линк до Порталот за трговци)

·Систем кон систем комуникација со примена на веб сервиси. Документите потребни за воспоставување на оваа комуникација се на линкот (линк кон документи) 

Ве покануваме на работен состанок  што ќе се одржи во вторник, 29.05.2018 година во 11:00 часот во просториите на Царинската управа на ул.Лазар Личеноски  бр. 13 во Скопје  (амфитеатар во старата зграда). На состанокот ќе се презентираат основните документи кои се неопходни за воспоставување на комуникација со примена на веб сервиси како и основните функционалности на системот.

Дополнителни информации, документи и контакти можете да најдете на линкот (линк)

 

Царинска управа на Република Македонија