Ве информираме дека по известување од Косовската царинска служба заради привременото затворање на магистралниот пат Качаник - Хани и Елезит предизвикано од свлечиште и состојбата на терен, од вечерва на полноќ граничниот премин Блаце ќе биде затворен за меѓународен транспорт на стоки.

Потсетуваме дека по претходно преземени активности,  внесување и изнесување на сите видови стока може да се врши и на граничниот премин Јажинце. 

Ова известување ќе се применува од  денес (18.05.2018 година) на полноќ до повторно воспоставување на сообраќај на магистралниот пат Качаник-Хани и Елезит