Царинската управа вчера, 16 мај 2018 година, потпиша Меморандум за соработка со друштвото ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје како член на групацијата British American Tobacco. 

Со овој Меморандум се уредува постапката помеѓу и надлежностите на договорните страни со цел борба против сузбивање на криумчарењето и нелегалната трговија со тутунски производи и заштита од повреда на правата за интелектуална сопственост, односно спречување на фалсификување на цигари и други тутунски производи од трговските марки чии носители на правата се друштвата членови на групацијата British American Tobacco.

Имајќи ја во предвид и безбедносната функција на Царинската управа, меѓу другото, двете страни потписнички се договорија и заеднички да спроведуваат медиумски кампањи наменети за подигнување на јавната свест за нелегалната трговија со цигари и други тутунски производи, како и нивното влијание врз економијата, врз правниот систем и врз општеството во целина. 

Како потсетување информираме дека само изминатата 2017 година царинските службеници во 25 случаи спречија шверц на околу 270 илјади парчиња цигари и 222 килограми режан тутун.

 

1
1
2.
2.
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4