Во текот на минатите три недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани археолошки и етнолошки предмети, златен накит, готови пари, електрични алати и апарати, автоделови, моторцикл, лекови за потенција, стоматолошки материјали, шампони, сапуни, очила за сонце, контактни леќи, течност за леќи, играчки, облека, цигари и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Археолошки предмети

- 98 археолошки предмети  откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола, извршена во соработка со припадници на граничната полиција, на австриски автомобил со кој за излез од државата се пријавиле еден македонски и еден австриски државјанин. Во фабрички прегради од автомобилот биле пронајдени 68 стари монети монети и 9 различни археолошки предмети (прстен, брошеви, нараквица, делови од вага и друго) за кои како сопственик се пријавил возачот, додека во платнена футрола сместена во мала торбичка на сопатникот во возилото, биле пронајдени 20 антички монети и едно античко копче. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. 

Цигари и хероин

- 155 штеки цигари Marlboro без акцизни маркички, откриени на Интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на чекираниот багаж на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените цигари се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка. 

- 18 штеки цигари Marlboro без акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени на горниот кревет во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Мобилните царински тимови во соработка со  Министерството за внатрешни работи спречија обид за криумчарење хероин. При контрола извршена со царинско куче, на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во најлонска кеса закачена на потпирачот за раце на едно од седиштата на автобусот, биле пронајдени две мали кесички со кафена прашкаста материја со маса од околу 15 грама. При контрола на материјата тестерот за дрога покажал присуство на хероин. Хероинот, и сопственичката на кесата, македонска државјанка која патувала со автобусот, се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Златен накит и девизи

- 10 нараквици од 22-каратно злато, со вкупна маса од 276 грама и вредност од околу 650 илјади денари, откриени при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените златни нараквици биле пронајдени завиткани во чорап, сместени во рачна чанта на австралиска државјанка со македонско потекло, која патувала со автобусот.  Истите се привремено задржани а против патничката ќе биде поднесена кривична пријава. 

- 5.400 швајцарски франци, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјанин кој допатувал на Интернационалниот аеродром Скопје со лет од Цирих. Во џеб од јакната на патникот биле пронајдени 17.400 швајцарски франци, од кои согласно законските прописи му биле вратени 12.000 швајцарски франци, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. Против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка за сторениот девизен прекршок.

Очила за сонце, леќи, течност за леќи и играчки

- 530 пара очила за сонце и 48 детски играчки-топки, откриени при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Дојран, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, од кои 30 пара очила биле со ознаки на заштитени трговски марки, се пронајдени во рачна торба, две кеси и рачна ташна, сопственост на сопатничката во возилото. Истите се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена прекршочна постапка. Истовремено, за очилата со ознаки на заштитени трговски марки, за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

- 106 оптички контактни леќи и 24 пакувања по 360 ml течност за одржување на контактни леќи, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени под предните седишта, во преградата за документи и преградите на предните врати, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Лекови за потенција, стоматолошки материјали, сапуни и шампони

- 175 кесички Kamagra-Oral jelly од 100 mg, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените лекови, пронајдени во кеса од брза пратка, сместена во багажниот простор меѓу останатиот багаж, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 2.648 стоматолошки материјали (бургии, клучеви за импланти и лежишта за импланти) откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени позади совозачкото седиште, на задното седиште и во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава.

- 1.600 шампони од 25 ml и 1.000 сапуни од 15 грама, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени во 5 кутии сместени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Електрични алати и апарати, мотоцикл и автоделови

- 53 електрични алати, 5 електрични апарати, 1 расклопен мотоцикл и 11 етнолошки предмети откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во багажникот и помеѓу седиштата на возилото, биле пронајдени 53 електрични алати (косилка, брусалки, градинарски ножици, штрафилки, пиштол за тркала и друго) и 5 електрични апарати (полнач за акумулатори, апарати против инсекти и микро печка). 

Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил со приколка со привремени таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во приколката биле пронајдени 1 расклопен мотоцикл Suzuki R GSX 750 cm3 и 11 стари етнолошки предмети за домаќинство (стомни, тепсии, пегла, свеќник и друго).  

Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

- 12 резервни делови за патнички возила (компресор за клима, алтернатор, ремен, затегнувачи, свеќички и реглер), откриени при контрола македонски камион-кипер, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени на креветот и во фабричка преграда во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 2 бош-пумпи за возило марка Ford Tranzit, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Пумпите, пронајдени под седиштата на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

- 1 синтисајзер KORG, откриен на Интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Малме. Непријавениот инструмент е привремено задржан, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Облека

- 496 парчиња облека (долна облека, блузи, панталони и фустани), откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во неколку црни кеси, сместени над горниот кревет и под долниот кревет во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.   

- 307 парчиња облека откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автомобили пријавени за влез во државата. 

Во првиот случај, при контрола извршена на граничниот премин Табановце автопат, на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, во кровниот багажник на возилото биле пронајдени 235 парчиња облека (капи, маици и престилки). 

Во вториот случај, при контрола извршена на граничниот премин Богородица, на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, во багажникот на возилото биле пронајдени 72 парчиња облека (долна облека, бермуди и панталони).

Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите се поднесени барања за поведување прекршочна постапка. 

- 42 парчиња машка долна облека со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Истовремено е поведена и постапка за утврдување на оригиналноста на производите.

Стока за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост

- 1.000 рачни часовници со лого на заштитена трговска марка, откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Сомнителните производи, пронајдени во багажникот на возилото, прекриени со текстилни материјали, се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Покрај тоа, во багажникот на возилото биле пронајдени и 818 пара очила со диоптер, 100 батериски шок-светилки и 95 пакувања арома за наргиле, кои исто така биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 66 мобилни телефони откриени во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Дубаи, наменета за физичко лице од Приштина. Сомнителните телефони се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.  

- 90 пара женски пижами со лого на заштитена трговска марка, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока наменета за фирма од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Сомнителните пероизводи се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.   

 

Avtodelovi, Novo Selo
Avtodelovi, Novo Selo
Bos-pumpi, Jazince
Bos-pumpi, Jazince
Cigari,mobilna
Cigari,mobilna
Etnoloski predmeti,Tabanovce
Etnoloski predmeti,Tabanovce
Kamagra, mobilna
Kamagra, mobilna
Lekji i tecnost za lekji,Novo Selo
Lekji i tecnost za lekji,Novo Selo
Motorcikl,Tabanovce
Motorcikl,Tabanovce
Obleka, Bogorodica
Obleka, Bogorodica
Ocila i igracki, Dojran
Ocila i igracki, Dojran
Sintisajzer, AerodromSK
Sintisajzer, AerodromSK
Stari moneti,Tabanovce
Stari moneti,Tabanovce
Zlatni narakvici,Bogorodica
Zlatni narakvici,Bogorodica
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12