На 27.02.2018 година во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и Генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (SELEC) г-ѓа Снежана Малеева.

На средбата беа истакнати придобивките од досегашната успешна соработка во рамките на активностите кои се реализираат во Центарот и на заедничко задоволство се констатираа резултатите од соработката како и придобивките во борбата против организираниот прекуграничен криминал.

Царинската управа ја искажа својата поддршка за работата на Центарот и заинтересираноста за понатамошно учество во заедничките акции кои се реализираат во неговите рамки, како и интересот за размена на информации, сознанија и добри практики во подобрувањето на соработката со центарот и државите кои учествуваат во неговото работење. На средбата Царинската управа ја искажа намерата за користење на расположивите инструменти и поволностите кои ги нуди центарот, со што ќе се постигне поуспешна и поорганизирана борба против царински измами, недозволената трговија и криминал.

 

Image-1
IMG_20180227_145546
Previous Next Play Pause
1 2