Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани замрзнато пилешко месо, пиво, облека и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Храна и пијалоци

- 4.200 килограми замрзнат пилешки стек, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. Возачот, управувајќи камион на кој бил натоварен контејнер, пријавил дека превезува празен контејнер што треба да го врати на пристаништето во Солун. Сепак, царинските службеници го селектирале возилото за контрола и во внатрешноста на контејнерот забележале преправки во предниот дел, каде откриле специјално направен преграден простор наполнет со 350 пакети со замрзнато месо. Непријавеното месо, чија вредност е проценета на околу 338 илјади денари, е привремено задржано, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава поради сомневање дека сторил кривично дело „Криумчарење“. 

- 166 литри пиво (363 шишиња од 0,5 и 0,33 литри) од различни марки, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното пиво, пронајдено во три куфери, три ранци и во неколку пластични кеси и картонски кутии, сместени под предните и задните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Облека и модни додатоци

- 160 парчиња детска облека (хеланки, пижами, фустани, маици, блузи, шпихозни и долна облека), откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени во една торба и еден куфер, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 124 парчиња разни производи (облека, ташни, паричници, бижутерија, шминки и украсни кутии), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 77 пара очила за сонце со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Сингапур, наменета за физичко лице од Косово.

Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, очилата се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. 

 

Obleka, Delcevo
Obleka, Delcevo
Pilesko meso,Mobilna
Pilesko meso,Mobilna
Pivo,Tabanovce
Pivo,Tabanovce
Razna stoka, Blace
Razna stoka, Blace
Previous Next Play Pause
1 2 3 4