По најава од страна на косовската Царина, Ве информираме дека во текот на утрешниот ден (15.02.2018 година) во период од 18:00 до 00:00 часот товарниот сообраќај  на ГП Хани и Елезит - ГП Блаце (од косовска страна) ќе биде во прекин.
Прекинот ќе биде поради тоа што косовската Царина во наведениот период ќе го имплементира новиот систем за обработка на царински декларации  ASYCUDA (AW).
Со цел избегнување на  евентуалните проблеми при  движењето на стоки на граничните премини заради промената на верзијата во текот на овој период, се надеваме на соработка и разбирање од сите странки во царински постапка.