Царинска управа на Република Македонија известува дека донесе нова Насока за распоредување на компјутери и софтвер согласно Царинската тарифа.

Целта на оваа насока е појасно да го дефинира начинот на распоредување на компјутерски системи, компјутерски сервери, лаптопи и други преносливи уреди, делови и прибор за нив. Воедно, наведената насока овозможува поддршка при распоредувањето на компјутерите како системи или одделни единици, делови, прибор и софтвер, согласно нивната функција, дизајн, градба и карактеристики.

Насоката е во целост усогласена со законските основи за распоредување на овие стоки согласно Царинската тарифа и најновите техничко-технолошки промени во оваа област.

Истовремено, со донесувањето на оваа насока се исполнува обврската преземена на работниот состанок кој се одржа на 14.09.2017 година во просториите на Царинска управа помеѓу претставници на деловната заедница и директорот на Царинска управа, каде од претставниците на деловната заедница беше побарано донесување на ваква насока.

Насоката за распоредување на компјутери и софтвер согласно Царинската тарифа е достапна на интернет страницата на Царинска управа (www.customs.gov.mk), во делот Бизнис заедница/Тарифа, вредност и потекло/Царинска тарифа или на следниот линк:

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/presmetka-na-davacki-mk/carinska-tarifa-mk