Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го завршија полaгањето на испитот.

Предвиден термин за полагање на целиот стручен испит- прв дел (теоретски) е 12.12.2017 година, од 11.00 часот до 13.00 часот.

Предвиден датум за полагање на поправен испит (студија на случај) е 09.01.2018 година, од 11.00 часот до 12.00 часот .

За сите промени кои евентуално би можеле да настанат ќе бидете информирани преку веб страната на Царинската управа.

Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат Пријава за повторно полагање на стручен испит испит и соодветно платен надоместок до 07.12.2017 година.

Кандидатите кои имаат посетено претходна обука за лиценциран застапник, а не го полагале стручниот испит потребно е до Царинската управа да поднесат Барање за полагање на стручен испит за лиценциран застапник.

Кон барањето се поднесуваат и следниве документи:

  • Уверение за завршено најмалку средно образование (во оригинал или копија заверена на нотар);
  • Потврда од овластен царински застапник или имател на одобрение за поедноставени царински постапки кај кого е стекнато најмалку една година работно искуство во областа на царинското работење;
  • Сертификат за познавање на странски јазик согласно член 13 став 1 т. В од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки (во оригинал или копија заверена на нотар);
  • Административна такса од 500 + 50 денари.

Прилог: Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник

Прилог: Барање за полагање на стручен испит за лиценциран застапник