Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски на 15.11.2017 година, во просториите на Царинската управа одржа работна средба со царинското аташе на Република Франција г-дин  Пиер Бујон.

За време на состанокот договорена е поддршка на плановите за развој на Царинската управа на Република Македонија од страна на Царината на Република Франција во насока на нивна реализација. Исто така, за време на средбата се даде осврт и на постигнатите резултати од досегашната соработка помеѓу двете земји, како и перспективи за идни активности на соработка.

Претставниците на двете институции изразија подготвеност за зајакнување на  соработката што ќе резултира со нови обуки и проекти за зајакнување на капацитетите на Царинската управа во борбата против организираниот криминал, разузнавањето, анализата на ризик, борбата против финансиски криминал.