Царинската управа на Република Македонија заради олеснување на работата на текстилните фабрики и на сите учесници во царинската постапка од денес 13.11.2017 година воведува  ново продолжено работно време, како и можност за царинење во сабота во царинската испостава Штип.

За потребите на контрола на спроведување на поедноставените постапки и извозно царинење, работното време ќе биде од понеделник до петок, од 08:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 часот до 22:00 часот. 

Новото работно време е резултат на взаемната соработка на Царинската управа со Стопанските комори и со Текстилниот кластер – Македонија и треба да обезбеди значителни финански заштеди за текстилните компании.